Ердоган: Меѓународната заедница не можеше да го положи испитот со разорните влијанија на епидемијата

Претседателот Ердоган во говорот на отворањето на Дипломатскиот форум Анталија истакна дека Турција во процесот на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) им испрати здравствени материјали на 158 земји и 12 меѓународни организации

1660775
Ердоган: Меѓународната заедница не можеше да го положи испитот со разорните влијанија на епидемијата
Antalya-Erdogan
Erdoğan süper

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во своето обраќање на Дипломатскиот форум Анталија истакна дека меѓународната заедница не можеше да го положи испитот во управувањето со разорните влијанија на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Тој рече: „Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) најголемата здравствена криза во историјата можеше да ја постави на дневен ред дури после 100 дена. За да не дојде до повторување на направените грешки во периодот на епидемијата, значајно е да не му се даде можност на национализмот со вакцините.“

Велејќи дека Турција во процесот на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) им испрати здравствени материјали (медицинска помош) на 158 земји и 12 меѓународни организации, претседателот Ердоган го рече следното: „Нашите студии за домашна вакцина коишто планираме да ги завршиме пред крајот на годината ги продолжуваме со фокусирање врз луѓе и универзалност. Нашата домашна вакцина Иншаллах (со Алахова помош-дозвола) ќе ја споделиме со целото човештво.“

„Главните структури изградени над глобалниот систем на чело со Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) се дел од проблемот, а не од решението.  Со овие институционални градби не можеме да го продолжиме нашето патување во 21. век.“ - рече Ердоган и продолжи со следните зборови: „Судбината на приближно 8 милијарди луѓе не може да им се остави на милоста на 5 земји постојани членки на СБ на ОН. Системот кој на 190 земји им дава право да седат на маса за одредено време, но не им дава право на збор во врска со нивната сопствена судбина, не може да носи и да дели правда. Онаму кадешто нема правда, нема да недостасуваат судир, тензија и насилство. Продолжуваме, ќе продолжиме да ги браниме правото и правдата.“ 

Претседателот Ердоган во својот говор воедно истакна дека Турција со своите 252 надворешни претставништва е земја која располага со петта најширока дипломатска мрежа во светот.

По прашањето на борбата против тероризмот пак, појаснувајќи дека Турција е првата земја која е активна на теренот против терористичките организации како ПКК, ЈПГ и ДЕАШ кои делуваат во Сирија, Ердоган рече: „Ние неутрализиравме 4.500 припадници на ДЕАШ. Досега обезбедивме враќање назад на своите територии 430 илјади Сиријци. Нив ги спасуваме од шатори. Даваме поддршка на проектите како куќи од брикети.

Со години беа штитени убијците кои ги масакрираа цивилите во нашата земја, на кои им е даден политички статус. Во должина на нашата јужна граница се водеа обиди да се формира терористичка држава. Воспоставувањето на мирот и стабилноста во Сирија е одговорност на сите нас, а не само на Турција.“

„Во наши раце е енергетските извори во Источниот Медитеран наместо конфронтација да станат повод за соработка. Во наредниот период сакаме да ја зголемиме соработката на сите простори со тоа што едниот крак на шестарот ќе го поставиме во Турција, а со другиот ќе зацртаме еден широк делокруг од Африка до Латинска Америка, од Пацификот до Азија.“ - порача претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во своето обраќање на Дипломатскиот форум Анталија.

 



Слични вести