Билатерални средби на претседателот Ердоган во Анталија

Претседателот Ердоган во Анталија се состана со претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски кој престојува во градот по повод Самитот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) и Дипломатскиот форум Анталија

1660869
Билатерални средби на претседателот Ердоган во Анталија
erdogan cukanovic.jpeg
erdogan dodik.jpg
erdogan dzaferovic.jpg
erdogan komsic.jpg
Cumhurbaşkanı Erdoğan Kuzey Makedonya Cumhurbaşkanı Pendarovski Antalya.jpg

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган ги продолжува своите билатерални средби и разговори со лидерите кои престојуваат во Анталија по повод Самитот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) и Дипломатскиот форум Анталија.

Во тие рамки претседателот Ердоган се состана со претседателката на Косово Вјоса Османи-Садриу.

Претседателот Ердоган се состана со претседателот на Кенија Ухуру Кенјата.

Средбата се одржа во Конгресниот центар „NEST“ кадешто се одржува „Дипломатскиот форум Анталија“ и траеше приближно 25 минути.

Претседателот Ердоган оствари средба и со претседателот на Црна Гора Мило Џукановиќ која беше затворена за медиумите и траеше приближно половина час.

Вчера претседателот Ердоган имаше средба и со претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски.

Средбата помеѓу двајцата лидери беше затворена за медиумите и траеше приближно 40 минути.

Претседателот Ердоган се состана и со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, Шефик Џаферовиќ и Жељко Комшиќ.

И оваа средба беше затворена за медиумите.

Освен тоа, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари одделни средби и со премиерката на Србија Ана Брнабиќ и со премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ.

 



Слични вести