Белата куќа: На средбата Ердоган-Бајден постигната општа согласност за Аеродромот во Кабул

Советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан соопшти дека на остварената средба помеѓу Ердоган и Бајден на Самитот на НАТО во Брисел е постигната општа согласност по прашањето на аеродромот во главниот град на Авганистан, Кабул

1660298
Белата куќа: На средбата Ердоган-Бајден постигната општа согласност за Аеродромот во Кабул

Администрацијата на Соединетите Американски Држави (САД) соопшти дека на остварената средба помеѓу претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и американскиот претседател Џо Бајден за време на Самитот на НАТО на 14 јуни во главниот град на Белгија, Брисел, е постигната општа согласност по прашањето на аеродромот во Кабул, главниот град на Авганистан и дека претседателот Бајден ќе даде поддршка на овој процес. 

Советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан оствари брифинг преку телефон со дописниците во Белата куќа. 

Саливан кој присуствуваше и на остварената средба помеѓу Ердоган и Бајден ја изнесе следната констатација: „На средбата Бајден-Ердоган беше поставен на дневен ред противракетно одбранбениот систем С-400 (којшто Турција го купи од Русија). По ова прашање не можеше да се постигне решение, меѓутоа е дадено ветување за продолжување на дијалогот.“

Велејќи дека на средбата беше поставено на дневен ред и прашањето на Меѓународниот аеродром во Кабул, во процесот на повлекување на Соединетите Американски Држави (САД) од Авганистан, Саливан рече: „Претседателот Ердоган рече дека ќе има потреба од одредена поддршка по прашањето на воспоставување на безбедноста на овој аеродром, а Бајден вети дека ќе му даде поддршка.“

Џејк Саливан подвлече дека и двајцата лидери ги задолжија своите екипи да работат по прашањето на дефинитивниот план, во врска со што го рече следното: „Постигната е согласност Турција да одигра предвидничка улога во воспоставувањето на безбедноста на Меѓународниот аеродром Хамид Карзаи (Кабул). Сега работиме на тоа како ќе го го применуваме тоа.“

Саливан истакна дека ги сметаат за сериозно грижите за реализирање на евентуален напад од страна на Талибан врз дипломатските и безбедносните објекти околу Кабул.

Велејќи дека располага со добри чувства поради заедничкото работење со Турција по прашањето на аеродромот во Кабул, советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан рече: „Имаме доверба во тоа дека Турците ќе ја исполнат оваа улога.“

Инаку, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и американскиот претседател Џо Бајден се состанаа на 14 јуни за време на Лидерскиот самит на НАТО во главниот град на Белгија, Брисел.

 



Слични вести