Во Анталија започна состанокот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ)

Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) кој оваа година се одржува под претседателство на Турција, започна со состанокот министрите за надворешни работи чиј домаќин е министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу

1659759
Во Анталија започна состанокот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ)

Во познатиот туристички центар на црноморското крајбрежје на Турција, градот Анталија, започна состанокот на министрите за надворешни работи и Самитот на шефови на држави и претседатели на влади на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).

Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) кој оваа година се одржува под претседателство на Турција, започна со состанокот министрите за надворешни работи чиј домаќин е министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Состанокот започна по сликаната заедничка фотографија на министрите, а потоа се премина на разговори.

Самитот на шефови на држави и претседатели на влади на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) пак, ќе се одржи во попладневните часови со присуство и на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својство на домаќин.

Претходно беше најавено дека на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Анталија ќе учествуваат 8 шефови на држави и 9 шефови на дипломатии, министри за надворешни работи.

Утре и задутре (во петок и сабота) во Анталија ќе се одржи и „Дипломатски форум Анталија“ на кој е најавено учество на 12 шефови на држави, 43 министри за надворешни работи, четворица поранешни шефови на држави и претставници на меѓународни организации и академици.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу претходно изјави дека на „Дипломатскиот форум Анталија“ ќе учествува и високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на Европската унија (ЕУ) Жозеп Борел, а исто така информира дека на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) ќе се дискутира за последните случувања.

На министерскиот состанок на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Анталија учествува и министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи кој во тие рамки ќе оствари и средба со домаќинот, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

На Самитот на шефови на држави и претседатели на влади на земјите членки на Процесот за соработка на земјите во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) пак, ќе учествува и претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски, кој ќе има и сво обраќање на Самитот, а ќе оставри средба и со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Пендаровски утре ќе учествува и на „Дипломатскиот форум Анталија“ каде што исто така ќе има свое обраќање.

 



Слични вести