Средба Ердоган-Пендаровски во Анталија

Пендаровски и Ердоган на средбата изразија задоволство од долгогодишното партнерство меѓу двете држави и од позитивниот тренд во развојот на билатералните односи и соработката во повеќе сфери од взаемен интерес

1660219
Средба Ердоган-Пендаровски во Анталија
Cumhurbaşkanı Erdoğan Kuzey Makedonya Cumhurbaşkanı Stevo Pendarovski Antalya.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган се состана со претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски во рамките на неговата работна посета на Турција, а по повод учеството на Самитот на претседатели на држави и влади на земјите членки на Процесот за соработка на земјите од Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) и учеството на Дипломатскиот форум Анталија.

Како што соопшти Кабинетот на претседателот на Северна Македонија, претседателите Пендаровски и Ердоган на средбата изразија задоволство од долгогодишното партнерство меѓу двете држави и од позитивниот тренд во развојот на билатералните односи и соработката во повеќе сфери од взаемен интерес.

„Претседателот Пендаровски посочи дека и во услови на пандемија одржувањето редовен политички дијалог покажува дека односите меѓу двете земји се пријателски и цврсти. Тој искажа благодарност за укажаната целокупна турска медицинска помош која пристигнуваше во нашата земја уште од првите мигови по прогласувањето на пандемијата. Во тој контекст, претседателот Пендаровски се заблагодари и за 30.000 вакцини, коишто беа испорачани неодамна“, се вели во соопштението.

Се додава дека на средбата, претседателот Пендаровски нагласи дека македонскиот интерес за развој на односите и соработката со Турција е константен, а кон тоа придонесува и блискоста на двата народа.

„Во овој контекст, претседателот Пендаровски истакна дека Турција за Северна Македонија претставува еден од најважните економски партнери и дека сме подготвени за целосно подигнување на нивото на соработка, како во трговските врски, така и во делот на турските инвестиции во нашата земја“, стои во соопштението.

Истовремено, претседателот Пендаровски изрази очекување дека во наредниот период двете држави ќе се фокусираат што е можно повеќе на економската соработка, како битен сегмент не само за подобрување на севкупните односи, туку и полесно надминување на економските последици предизвикани од Ковид-19.

„На средбата беше констатирано дека, како сојузници во НАТО, кои имаат и обврска да ги промовираат вредностите на Алијансата, Северна Македонија и Турција делат заеднички погледи во однос на потребата од зачувување на мирот и стабилноста во регионот, преку градење на добрососедски односи и унапредување на регионалната соработка. Притоа, претседателот Пендаровски посочи дека имаме и заеднички погледи во однос на потребата да се избегнуваат конфликтите и предност да се дава на дијалогот како средство за решавање на отворените прашања“, информираат од кабинетот на претседателот Пендаровски.

„Соговорниците разговараа и за предизвиците поврзани со миграцијата од Блискиот Исток и Северна Африка, при што претседателот Пендаровски ја истакна важната улога на Турција, подвлекувајќи дека со својот придонес во справувањето со ова прашање, Турција е значаен фактор кој ја чува стабилноста на сите земји на Балканската миграциска рута", се заклучува во соопштението. (Агенција Анадолија-АА)

 



Слични вести