Претседателот Ердоган: ЕУ без Турција како полноправна членка не може да стане центар на гравитација и моќ

Претседателот Ердоган истакна дека Европската унија (ЕУ) во која нема да ја има Турција како полноправна членка не може да стане центар на гравитација и моќ

1660133
Претседателот Ердоган: ЕУ без Турција како полноправна членка не може да стане центар на гравитација и моќ
Cumhurbaşkanı Recep Tayyip Erdoğan - GDAÜ - SEECP 01.jpg
SEECP liderler toplantisi.jpg
Cumhurbaşkanı Erdoğan Antalya Güneydoğu Avrupa İşbirliği Süreci Zirvesi.jpg
Cumhurbaşkanı Erdoğan Güneydoğu Avrupa İşbirliği Süreci Zirvesi.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во обраќањето на отворањето на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Анталија рече: „Европската унија (ЕУ) во која нема да ја има Турција како полноправна членка не може да стане центар на гравитација и моќ.“

„Сакаме веќе да се дефинира нашата борба за полноправно членство којашто и покрај бројните неправди со коишто се соочуваме ја продолжуваме со инсистирање и трпеливо веќе половина век. Очекуваме ЕУ што поскоро да се ослободи од своето стратешко слепило во кое западнала и да го унапреди процесот на пристапување во рамките на позитивната агенда.“ - рече Тој.

Претседателот Ердоган се осврна и на прашањето со нерегуларните миграциски текови, нагласувајќи дека е невозможно само немо да се набљудува ова тешко прашање.

„Како земји од Југоисточна Европа, немаме луксуз од трибините да набљудуваме што се случува кај нерегуларните миграциски движења.“ - рече Ердоган.

Критикувајќи го порастот на расизмот, непријателството кон исламот (исламофобијата) и антимигрантската настроеност во глобални димензии, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган подвлече дека тоа постепено се претвора во национален безбедносен проблем.

 

 



Слични вести