Претседателот Ердоган допатува во Анталија каде ќе учествува на Самитот на ПСЈИЕ

Претседателот Ердоган заедно со својата сопруга Емине Ердоган денеска допатува во Анталија кадешто ќе учествува на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), а утре ќе учествува на „Дипломатскиот форум Анталија“

1659692
Претседателот Ердоган допатува во Анталија каде ќе учествува на Самитот на ПСЈИЕ

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ја заврши својата дводневна официјална посета на Азербејџан и се врати во земјата.

Претседателот Ердоган заедно со својата сопруга Емине Ердоган денеска допатува во Анталија кадешто ќе учествува на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) на ниво на шефови на држави и претседатели на влади, а утре ќе учествува на „Дипломатскиот форум Анталија“.

Познатиот туристички центар на средоземноморското крајбрежје Анталија во следните денови од 17 до 20 јуни ќе биде домаќин на два значајни собири и тоа на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) и на „Дипломатскиот форум Анталија“.

И на двата собири на високо ниво коишто ќе се одржат под покровителство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ќе има голем одзив.

Со донесените одлуки на состаноците ќе биде подготвен Стратешкиот документ за Југоисточна Европа за 2030 година.

И двата меѓународни собири ќе придонесат за афирмирањето ѝ на Турција ѝ на Анталија.



Слични вести