Ердоган: Стратешкиот документ за Југоисточна Европа 2030 година ќе помогне во нашата цел за економски раст

Претседателот Ердоган истакна дека на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Анталија беше потцртано значењето кое што и го придава Турција на стабилноста и просперитетот на регионот

1660169
Ердоган: Стратешкиот документ за Југоисточна Европа 2030 година ќе помогне во нашата цел за економски раст

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) што се одржа во Анталија одржа прес-конференција.

Ердоган истакна дека на состанокот на ниво на шефови на држави и претседатели на влади беше потцртано значењето кое што и го придава Турција на стабилноста и просперитетот на регионот.

Тој рече: „Стратешкиот документ за Југоисточна Европа за 2030 година ќе помогне да ја постигнеме нашата цел за одржлив економски раст.“

Претседателот Ердоган продолжи со следните зборови: „Се обидовме да развиеме заеднички решенија за прашања како што се пред се одливот на мозоци раната на регионот којашто крвари, правдата, земјоделските политики, образованието, борбата против елементарните непогоди. Се однесувавме многу внимателно разликите меѓу земјите да не влијаат негативно на активностите.

Забрзувањето на процесите за приклучување на Турција кон Европската унија (ЕУ), ќе и обезбеди полза на унијата во глобално ниво. Верувам дека Стратешкиот документ за Југоисточна Европа за 2030 година ќе помогне да ја постигнеме нашата цел за одржлив економски раст.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го додаде и тоа дека за решавање на политичките проблеми во регионот не постои друго решение од дијалог.

 



Слични вести