Ердоган: Му реков на Бајден да не очекува да фрлиме поразличен чекор по прашањето на С-400 и Ф-35

Претседателот Ердоган истакна дека за време на остварената средба на 14 јуни на Самитот на НАТО во Брисел му рекол на американскиот претседател Џо Бајден да не очекува од Турција да фрли поразличен чекор по прашањето на С-400 и Ф-35

1659908
Ердоган: Му реков на Бајден да не очекува да фрлиме поразличен чекор по прашањето на С-400 и Ф-35

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по остварената посета на Азербејџан одговараше на прашањата на новинарите во Баку кадешто меѓу другото се осврна и на остварената средба со американскиот претседател Џо Бајден во рамките на Самитот на НАТО на 14 јуни во главниот град на Белгија, Брисел.

Претседателот Ердоган истакна дека му рекол на американскиот претседател Џо Бајден да не очекува од Турција да фрли поразличен чекор по прашањето на С-400 и Ф-35.

Тој рече: „(На Бајден) Му реков 'не очекувајте како Турција да фрлиме поразличен чекор како по прашањето на Ф-35, така и по прашањето на С-400' (противвоздушно одбранбениот систем кој го купи Турција од Русија). Бидејќи ние го направивме она што ни се паѓа во однос на Ф-35.“

Нагласувајќи дека претставува историска грешка наместо да се стои покрај сојузникот кој е цел на тероризмот, да се преточитаат терористичките организации со кои се бори сојузникот, Ердоган рече: „Оние кои ги поддржуваат терористичките организации, оние кои ги охрабруваат нив, кога тогаш ќе разберат колку голема грешка прават.“

Претседателот Ердоган истакна дека по одлуката на Соединетите Американски Држави (САД) за повлекување од Авганистан, Турција таму би можела да преземе многу поголема одговорност.

Нагласувајќи ја потребата Ерменија да почне да презема чекори за зголемување на довербата, Ердоган рече: „Споделувањето со Азербејџан на мапите со поставените мини ќе го претставува првиот значаен чекор во оваа насока.“ 

Во врска со отворањето на коридорот Зенгезур, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го подвлече следното: „Не придавам можност на тоа дека кај руската страна постои намера за задоцнување. Спротивно на тоа, таа помага по ова прашање. Во скоро време ќе одржиме билатерална средба со Путин (рускиот претседател Вкладимир).“

 



Слични вести