Чавушоглу во Анталија се состана со своите колеги од Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Анталија се состана со своите колеги, министрите за надворешни работи на Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, Олта Џачка, Ѓорѓе Радуловиќ и Бисера Турковиќ

1659573
Чавушоглу во Анталија се состана со своите колеги од Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи во рамките на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) што ќе се одржи денеска во Анталија, се состана со своите колеги, министрите за надворешни работи на Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, Олта Џачка, Ѓорѓе Радуловиќ и Бисера Турковиќ.

Чавушолу во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер објави и фотографија од остварените средби со своите албански, црногорски и босанско-херцеговачки  колеги.

Чавушоглу во својата објава истакна дека на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи во рамките на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Анталија оствари заеднички и одделни средби со своите колеги од наведените три земји, Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

По остварената средба помеѓу министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и министерот за надворешни работи на Црна Гора Ѓорѓе Радуловиќ  беше потпишан и записник за соработка во врска со протоколарните прашања.

Чавушоглу истакна дека на остварената средба со својата колешка министерката за надворешни работи на Босна и Херцеговина Бисера Турковиќ, разговараа за сферите на соработка и за регионални случувања.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу се очекува да оствари билатерална средба и со министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи кој исто така учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Анталија.

На состаноците на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Анталија ќе се дискутира на тема: „Соседите од Југоисточна Европа заедно: Иднината на Европа“.

Истовремено, како дел од агендата ќе биде и изнаоѓањето на нови начини за зацврстување на соработката помеѓу земјите на ПСЈИЕ и регионот, справување со последиците од пандемијата предизвикана од Ковид-19, унапредување на регионалната кохезија преку јакнење на политичката и економската соработка, како и кон демократијата, владеењето на правото, слободната пазарна економија и почитувањето на фундаменталните човекови права како основни Европски вредности кои остануваат во фокусот на сите земји членки на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).

 



Слични вести