Чавушоглу во Анталија ќе се состане со високиот претставник на ЕУ Борел

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу утре (18 јуни, во петок) во Анталија ќе се состане со високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на Европската унија (ЕУ) Жозеп Борел

1660200
Чавушоглу во Анталија ќе се состане со високиот претставник на ЕУ Борел

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу утре (18 јуни, во петок) во Анталија ќе оствари билатерална средба со високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на Европската унија (ЕУ) Жозеп Борел.

Во објавеното соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува дека министерот Чавушоглу на 18 јуни ќе се состане со високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел кој престојува во посета на Турција по повод Самитот на Процесот за соработка на земјите од Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) и Дипломатскиот форум Анталија коишто се одржуваат од 17 до 20 јуни во Анталија.

Во соопштението се вели дека на средбата се предвидува да бидат преразгледани со сите нивни димензии односите пред претстојниот самит на Еврпската унија (ЕУ) на 24 и 25 јуни и да бидат разгледани чекорите коишто би можеле да бидат фрлени за развивање на соработката со ЕУ на основа на перспективата на приклучување на Турција, како и глобални и регионални случувања.

 



Слични вести