Чавушоглу: Денеска веќе постои Југоисточна Европа која бара решенија за проблемите, преку дијалог

Мевлут Чавушоглу на отворањето на состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) истакна дека денеска веќе постои Југоисточна Европа која бара решенија за проблемите, преку дијалог

1659821
Чавушоглу: Денеска веќе постои Југоисточна Европа која бара решенија за проблемите, преку дијалог
Dışişleri Bakanı Mevlüt Çavuşoğlu GDAÜ SEECP 03.jpg
Dışişleri Bakanı Mevlüt Çavuşoğlu GDAÜ SEECP 04.jpg
cavusoglu gdau antalya.jpg

Во познатиот туристички центар Анталија, започна состанокот на министрите за надворешни работи и Самитот на шефови на држави и претседатели на влади на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).

На состанокот на министрите за надворешни работи кој оваа година се одржува под претседателство на Турција, во својство на домаќин имаше обраќање министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој го нагласи значењето на интеграцијата на земјите од Југоисточна Европа, вклучувајќи ги земјите од Балканот, во евроатлантските институции.

Тој рече: „Зајакнувањето на перспективите за членство во Европската унија (ЕУ) на земјите членки на ПСЈЕ е наша заедничка цел. ЕУ може да стане глобален актер само кога сите земји од Југоисточна Европа ќе станат членки на Блокот.“

Чавушоглу воедно повика да бидат отворени пристапните преговори на Северна Македонија и Албанија со Европската унија (ЕУ).

Велејќи дека оваа година во рамките на претседателството на Турција истовремено ја одбележуваме и 25-годишнината од формирањето на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, Мевлут Чавушоглу рече: „Пред 23 години, кога за првпат го презедовме претседателствувањето со овој процес, одржавме самит во Анталија.“

„Ние за првпат на самитот во Анталија разговаравме за Повелбата на добрососедските односи, која е основен документ на ПСЈЕ. Оттогаш, поминавме долг пат да ги реализираме нашите заеднички цели.“ - појасни Тој.

Чавушоглу истакна дека денеска веќе постои Југоисточна Европа која бара решенија за проблемите, преку дијалог и напомена дека ПСЈЕ кој е најинклузивниот форум во регионот, стана платформа којашто може да ги состане земјите од регионот дури и во најтешки времиња.

„(ПСЈЕ) Ни дозволи да разговараме за нашите проблеми лице во лице без да ни требаат други,“ додаде Тој.

Чавушоглу истакна дека Турција за време на нејзиното претседателствување со Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) кое го презеде во трет пат организира повеќе од 40 манифестации (собири) и дека од нив Форумите за дијаспора и младина се одржани за прв пат, а воедно нагласи дека значаен чекор претставува и подготвувањето на Стратешкиот документ за 2030 година.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу Мевлут Чавушоглу се заблагодари за дадената поддршка за време на претседателствувањето на Турција и ѝ посака успех на Атина (Грција) новиот претседавач, на кој рече дека ќе му ја дадат секој вид поддршка.

Самитот на шефови на држави и претседатели на влади на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) ќе се одржи во попладневните часови со присуство и на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својство на домаќин.

 



Слични вести