Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 62 лица, регистрирани се 5.904 позитивни случаи

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 62 лица, направени се 225.064 тестирања од кои се регистрирани 509 новозаболени, дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 5.904 лица

1660190
Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 62 лица, регистрирани се 5.904 позитивни случаи

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 62 лица.

Бројот на смртните случаи од почетокот на епидемијата достигна вкупно 49.012. 

Во изминатите 24 часа се направени 225.064 тестирања од кои се дијагностицирани 509 новозаболени. 

Дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 5.904 лица.

Заврши лекувањето на уште 4.143 лица со што вкупниот број на оздравени од Ковид-19 во Турција се зголеми на 5 милиони 219 илјади 797 лица.

Во меѓувреме, во борбата на Турција против Ковид-19 според постојано ажурираните податоци на интернет адресата на Министерството за здравство covid19asi.saglik.gov.tr заклучно со денеска 17 јуни 2021 година, четврток, во 20:20 часот (по турско време) бројот на администрираните вакцини против Ковид-19 во Турција достигна до вкупно 38 милиони 687 илјади 172 дози од кои 24 милиони 540 илјади 616 лица се вакцинирани со првата доза, а 14 милиони 146 илјада 556 лица по првата доза ја примија и втората доза вакцина.

 



Слични вести