Претседателот Ердоган: Денеска сме покрај Азербејџан, целиот свет нека знае дека ќе бидеме и во иднина

Претседателот Ердоган во своето обраќање пред пратениците во Националното Собрание на Азербејџан ја даде следната порака: „Денеска со сите наши можности сме покрај Азербејџан. Целиот свет нека знае дека и утре ќе заземеме место покрај него.“

1659397
Претседателот Ердоган: Денеска сме покрај Азербејџан, целиот свет нека знае дека ќе бидеме и во иднина
Erdoğan-Azerbaycan Meclisi-3.jpg
aa_picture_20210616_24832024.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој престојува во официјална посета на Азербејџан во своето обраќање пред пратениците во Националното Собрание истакна дека Турција како денеска така и во иднина со сите нејзини можности ќе заземе место покрај Азербејџан.

Претседателот Ердоган рече: „Од мирот  и спокојството во Кавказ нема да профитира само Азербејџан, туку сите регионални земји вклучувајќи ја и Ерменија, како и целиот свет. Веруваме дека патот што води кон трајниот мир поминува преку соработката којашто сите народи, држави во регионот ќе ја развиваат на основа на взаемна доверба. Денеска со сите наши можности сме покрај Азербејџан. Целиот свет нека знае дека и утре (во иднина) ќе заземеме место покрај него.“

Велејќи „Оние кои изнесуваат невидени клевети, фрлаат кал врз турскиот народ, најпрвин треба да погледнат кон Кавказ, Азербејџан“, Ердоган го рече следното: „После доколку им дозволува совеста, одделно ќе зборуваме со нив за обвинувањата коишто ги изнесуваат. Секој оној кој сака да ја види разликата помеѓу цивилизацијата и вандализмот, нека дојде да погледне кон разликата помеѓу двата периоди во Карабах.“

Претседателот Ердоган појасни дека ќе чувствуваат задоволство градот Шуша кој оваа година е културна престолнина на Азербејџан, следната година да биде прогласен за културна престолнина на турскиот свет.

„Никој да не биде вознемирен од оваа победа, бидејќи оваа победа е победа на изградба, а не на рушење. Победа на правдата, а не на зулумот (злосторството).“ - рече претседателот Ердоган и своето обраќање го продолжи со зборовите: „Карабах, истовремено е место кадешто се расипани пресметките на оние кои светот го гледаат како арена на своите политички и економски амбиции. Сите заедно треба да ги искористиме на најдобар начин можностите коишто се појавуваат пред нас за да не би му поставил никој уште еднаш синџир на ропство на вратот на Кавказ.“ 

„Не е можно да се опише релаксацијата и богатството коишто ќе ги донесе за нашиот регион коридорот Зенгезур со кој ќе се поврзуваат Нахчиван и Баку. Преку железничкиот пат низ коридорот Зенгезур и Ерменците лесно ќе можат да имаат пристап до Москва и до светот, на тој начин ќе можат да се спасат од блокадата коишто си ја применуваат самите. Се додека Ерменија ги решава проблемите со Азербејџан и ние како Турција ќе ги фрлиме неопходните чекори.“ - порача претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во своето обраќање пред пратениците во Националното Собрание на Азербејџан.

Претседателот Ердоган потоа ја посети и алејата на турските и азербејџанските шехиди (паднати борци) во Баку кадешто остави каранфили на гробовите на шехидите и читаше дови (молитви) за нив.

Потоа, Ердоган во хотелот во Баку во кој престојува ги прими војниците од Групата на задача во Азербејџан.

 

 

TRT/AA/TUĞBA

 



Слични вести