Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 71 лице, регистрирани се 6.221 позитивен случај

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 71 лице, направени се 227.163 тестирања од кои се регистрирани 548 новозаболени, дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 6.221 лице

1659428
Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 71 лице, регистрирани се 6.221 позитивен случај

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 71 лице.

Бројот на смртните случаи од почетокот на епидемијата достигна вкупно 48.950. 

Во изминатите 24 часа се направени 227.163 тестирања од кои се дијагностицирани 548 новозаболени. 

Дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 6.221 лице.

Заврши лекувањето на уште 4.632 лица со што вкупниот број на оздравени од Ковид-19 во Турција се зголеми на 5 милиони 215 илјади 654 лица.

Во меѓувреме, во борбата на Турција против Ковид-19 според постојано ажурираните податоци на интернет адресата на Министерството за здравство covid19asi.saglik.gov.tr заклучно со денеска 16 јуни 2021 година, среда, во 20:00 часот (по турско време) бројот на администрираните вакцини против Ковид-19 во Турција достигна до вкупно 37 милиони 085 илјади 864 дози од кои 23 милиони 064 илјади 297 лица се вакцинирани со првата доза, а 14 милиони 021 илјада 567 лица по првата доза ја примија и втората доза вакцина.

Бројот на администрираните вакцини против Ковид-19 во Турција со првата и втората доза во последните 24 часа се зголеми за 1 милион 447 илјади 864.



Слични вести