Турција го осуди терористичкиот напад во главниот град на Сомалија, Могадишу

Министерството за надворешни работи објави соопштение со кое се осудува терористичкиот напад врз сомалиската национална армија во главниот град на Сомалија, Могадишу во кој загинаа 11 војници, а голем број се ранети

1658669
Турција го осуди терористичкиот напад во главниот град на Сомалија, Могадишу

Турција го осуди терористичкиот напад којшто беше реализиран врз еден центар за воена обука на сомалиската национална армија во главниот град на Сомалија, Могадишу и во кој загинаа 11 војници, а голем број војници се ранети.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува дека Турција од сѐ срце го доставува своето сочувство до пријателскиот и братски сомалиски народ и до сомалиската влада.

Во соопштението се вели дека на загинатите во нападот им се посакува милост од Аллах, а на ранетите им се посакува побрзо оздравување.

Во соопштението се нагласува дека Турција ќе продолжи со одлучност да стои покрај сомалиската влада и сомалискиот народ во борбата против тероризмот.

 



Слични вести