Претседателот Ердоган во посета на Азербејџан

Претседателот Ердоган во Баку беше пречекан од страна на заменик премиерот на Азербејџан Јагуп Ејубов, заменик министерот за надворешни работи Халеф Халефов, амбасадорот на Азербејџан во Анкара Хазар Ибрахим и амбасадорот на Турција во Баку Џахит Багџи

1658044
Претседателот Ердоган во посета на Азербејџан

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера од Брисел кадешто учествуваше на Лидерскиот самит на НАТО допатува во дводневна официјална посета на главниот град на Азербејџан, Баку.

Претседателот Ердоган на аеродромот во Баку беше пречекан од страна на заменик премиерот на Азербејџан Јагуп Ејубов, заменик министерот за надворешни работи Халеф Халефов, амбасадорот на Азербејџан во Анкара Хазар Ибрахим и амбасадорот на Турција во Баку Џахит Багџи.

Претседателот Ердоган за време на оваа официјална посета Баку којашто ја остварува на покана на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев е придружуван од страна на неговата сопруга Емине Ердоган, министерот за национална одбрана Хулуси Акар, шефот на одделот за комуникации Фахреттин Алтун, портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин, портпаролот на АК Партијата Омер Челик и пратеникот на АК Партијата од Ризе и претседател на турската група во Парламентарната асамблеја на НАТО Осман Ашкин Бак.

Во рамките на посетата, претседателот Ердоган ќе го посети и градот Шуша во Нагорно Карабах кој по 28 годишна ерменска окупација беше ослободен од страна на азербејџанската армија и овде ќе биде пречекан со официјална церемонија од страна на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ќе оствари средба лице в лице со својот азербејџански колега Алиев со кого ќе претседаваат на меѓуделегациските разговори, а потоа ќе учествуваат на церемонијата на потпишување на низа договори помеѓу Турција и Азербејџан.

Потоа двајцата лидери, Ердоган и Алиев, ќе одржат заедничка прес-конференција и ќе го прошетаат градот Шуша.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган утре (16 јуни 2021 година, среда) ќе се состане со претседателката на Националното Собрание на Азербејџан Сахибе Гафарова по што ќе им се обрати на азербејџанските пратеници.

Претседател Ердоган нема да ја остави сама и турската фудбалска репрезентација која учествува на Европското фудбалско првенство 2020 (ЕВРО 2020), а во чии рамки утре на Олимпискиот стадион во главниот град на Азербејџан, Баку ќе игра против Велс.

Претседателот Ердоган и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев заедно ќе го следат натпреварот Турција-Велс кој ќе се одигра утре вечер во 19:00 часот по турско време.

 



Слични вести