Претседателот Ердоган и азербејџанскиот претседател Алиев ја потпишаа „Декларацијата од Шуша“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев ја потпишаа „Декларацијата од Шуша“

1658643
Претседателот Ердоган и азербејџанскиот претседател Алиев ја потпишаа „Декларацијата од Шуша“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој престојува во дводневна официјална посета на Азербејџан во градот Шуша, едниот од симбол градовите во Нагорно Карабах кој беше ослободен по 28 годишна ерменска окупација, беше пречекан со официјална церемонија од страна на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.

По церемонијата во Губернијата на Шуша, Ердоган и Алиев преминаа на средба лице в лице и учествуваа на церемонијата на потпишување на низа договори помеѓу двете земји.

По остварената средба претседателот Ердоган и азербејџанскиот претседател Алиев ја потпишаа „Декларацијата од Шуша“.

Потоа двајцата лидери, Ердоган и Алиев одржаа заедничка прес-конференција.

Претседателот Ердоган истакна дека со потпишаната „Декларација од Шуша“ е утврдена патната карта во односите помеѓу двете земји во новиот период.

Велејќи дека по 44 дневната војна (на 10 ноември) Карабах премина во рацете на нивниот сопственик и беше ослободен од ерменска окупација, Ердоган рече: „Уште еднаш му ја честитам победата на азербејџанскиот народ во Карабах.“  

Претседателот Ердоган информира дека како Турција ќе проодлжи да му се дава секој вид придонес на Азербејџан и во активностите за повторна изградба, исто како во борбата за независност.

Ердоган појасни дека Карабах повтроно ќе се стекне со својата поранешна слава и својот личен идентитет и дека од една страна додека се компензираат рушевините, од друга страна ќе бидат преземени потребните мерки за да не би била доживеана уште еднаш една ваква катастрофа на азербејџанските територии.

Упатувајќи повик до сите да ја прифатат победата на Азербејџан, претседателот Ердоган го рече следното: „Посакуваме Ерменија добро да ја искористи можноста да ја фати раката којашто и се подава и раката за солидарност. Заедно со шесторната платформа (Русија, Турција, Азербејџан, Ерменија, Грузија и Иран) сакаме регионот веќе да стане регион во кој ќе се живее во мир. Ние со мојот брат (Алиев) сме заедно за секоја пожартвуваност.“

Ердоган, велејќи дека состанокот за Стратешка соработка на високо ниво ќе се одржи во наредните месеци во Турција, Ердоган истакна дека патувањето со лична карта коешто е започнато на 1 април ќе ги олеснат взаемните односи и уште повеќе ќе ги зближат двете земји една кон друга. 

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган воедно информира дека како Турција планираат  во најскоро време да отворат и Генерален конзулат во древниот град Шуша.

Азрбејџанскиот претседател Илхам Алиев, исто така истакна дека „Деклацијата од Шуша е гаранција за соработката помеѓу двете земи во иднина.

Потсетувајќи дека од денот кога беше започната војната во Карабах претседателот Ердоган јасно и отворено ја прогласи својата поддршка на Азербејџан, Алиев рече: „Ние за време на војната ја видовме солидарноста на турскиот народ. Никогаш нема да ја заборавиме поддршката што ја даде Турција.“

Илхам Алиев во договорот за сојузништво којшто е потпишан помеѓу Турција и Азербејџан се алудира на Договорот од Карс којшто е потпишан пред 100 години.

 



Слични вести