Ердоган на лидерите на Самитот на НАТО во Брисел им ја подари книгата „Борбата на Турција против тероризмот“

Книгата „Борбата на Турција против тероризмот“, претседателот Ердоган им ја подари на американскиот претседател Џо Бајден, британскиот премиер Борис Џонсон и германската канцеларка Ангела Меркел

1658251
Ердоган на лидерите на Самитот на НАТО во Брисел им ја подари книгата „Борбата на Турција против тероризмот“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на лидерите на земјите членки на НАТО со кои се состана вчера на маргините на Самитот на Сојузот во главниот град на Белгија, Брисел им ја поради книгата „Борбата на Турција против тероризмот“ во која се раскажува за одлучната борба што ја води Турција против терористичките организации ЈПГ/ПКК, ФЕТО и ДЕАШ.

Книгата „Борбата на Турција против тероризмот“, претседателот Ердоган им ја подари на американскиот претседател Џо Бајден, британскиот премиер Борис Џонсон и германската канцеларка Ангела Меркел, со кои се состана во рамките на Самитот на НАТО.

Книгата по име „Борбата на Турција против тероризмот“ е подготвена на англиски јазик од страна на Одделот за комуникации на претседателството и се состои од три дела: ЈПГ/ПКК, ФЕТО и ДЕАШ.

Во книгата се раскажува за одлучната борба на Турција против терористичките организации како што се ЈПГ/ПКК, ДЕАШ и ФЕТО.

Во книгата се нагласува дека она што го очекува Турција од нејзините сојузници „е да ги почитуваат нејзините суверени права и безбедносните чувствителности, и конкретно да застанат покрај неа во борбата што ја води против сите терористички организации, вклучувајќи ги ЈПГ/ПКК, ДЕАШ и ФЕТО“.

 

 



Слични вести