Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев го одликува Халук Бајрактар со „Орден за Карабах“

„Орденот за Карабах“ му е врачен на Халук Бајрактар од страна на претседателот Алиев за време на посетата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на Азербејџан

1658666
Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев го одликува Халук Бајрактар со „Орден за Карабах“

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев го одликува генералниот директор на компанијата „Бајкар Савунма“ Халук Бајрактар со „Орден за Карабах“.

Орденот му е врачен на Халук Бајрактар од страна на претседателот Алиев за време на посетата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на Азербејџан.

Генералниот директор на компанијата „Бајкар Савунма“ Халук Бајрактар во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер го напиша следното: „Имавме среќа да ја видиме со светско око Шуша, срцето на Карабах кое од страна на Џан (срцето) Азербејџан е ослободено од окупација... Орденот за Карабах со кој сум одликуван од страна на почитуваниот Илхам Алиев го примив на Денот на националното ослободување на Азербејџан, во присуство на нашиот претседател Реџеп Тајјип Ердоган. Почувствував гордост.“

Инаку, наоружаните беспилотни летала „Бајрактар ТБ2“ произведени од страна на компанијата „Бајкар Савунма“ одиграа значајна улога во извојуваната победа на Азербејџан во Карабах.



Слични вести