Во Фетхије кај Мугла фатени 97 нерегуларни мигранти

По техничко и физичко следење, во потрагата извршена во планинската област на заливот Џеннет, беа фатени нерегуларните мигранти

1657241
Во Фетхије кај Мугла фатени 97 нерегуларни мигранти

 

Во Фетије кај Мугла фатени се 97 нерегуларни имигранти кои се обидуваа илегално да заминат во странство.

Екипите на Командата на жандармеријата по информацијата дека група нерегуларни мигранти по илегални патишта ќе заминат во странство, почнаа да работат на случајот.

По техничко и физичко следење, во потрагата извршена во планинската област на заливот Џеннет, беа фатени 36 авганистански, 32 сириски, 19 пакистански, 4 египетски и 3 ирачки и палестински државјани.

Имигрантите беа пренесени на бродот на крајбрежната стража и беа одведени во командата на станицата за жандармерија во Олудениз за регулирање на потребните законски постапки.



Слични вести