Претседателот Ердоган во Штабот на НАТО во Брисел се состана со францускиот претседател Макрон

Средбата помеѓу двајцата лидери, претседателот Ердоган и францускиот претседател Макрон во Штабот на НАТО во Брисел беше затворена за медиумите и траеше приближно 50 минути

1657535
Претседателот Ердоган во Штабот на НАТО во Брисел се состана со францускиот претседател Макрон

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во главниот град на Белгија, Брисел кадешто престојува по повод Самитот на НАТО и во овие рамки остварува низа средби и разговори, се состана со францускиот претседател Емануел Макрон.

Средбата помеѓу двајцата лидери, Ердоган и Макрон во Штабот на НАТО беше затворена за медиумите и траеше приближно 50 минути.

По оваа средба, претседателот Ердоган се состана со британскиот премиер Борис Џонсон.

Претседателот Ердоган, на маргините на Самитот на НАТО во Брисел ќе одржи одделни средби и со германската канцеларка Ангела Меркел и со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Потоа приквечер околу 18:00 часот по турско време погледите ќе бидат свртени кон средбата лице в лице којашто претседателот Ердоган ќе ја одржи со американскиот претседател Џо Бајден.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера во Брисел имаше одделни средби со унгарскиот премиер Виктор Орбан, литванскиот претседател Гитанас Науседа и летонскиот претседател Егилс Левитс.

 



Слични вести