Претседателот Ердоган на Самитот на НАТО во Брисел се состана со американскиот претседател Бајден

Средбата помеѓу двајцата лидери, Ердоган и Бајден, беше затворена за медиумите и траеше 45 минути

1657909
Претседателот Ердоган на Самитот на НАТО во Брисел се состана со американскиот претседател Бајден
Erdoğan Biden.jpg
Ərdoğan və Bayden.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој по повод Лидерскиот самит на НАТО престојува во главниот град на Белгија, Брисел во рамките на билатералните средби коишто ги остварува на маргините на самитот, се состана и со американскиот претседател Џо Бајден.

Средбата помеѓу двајцата лидери, Ердоган и Бајден, беше затворена за медиумите и траеше 45 минути.

По средбата лице в лице се премина на меѓуделегациски разговори.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по средбата со американскиот претседател Џо Бајден со кого се состануваат за прв пат лице в лице, по изборот на Бајден за претседател на САД, ќе се појави пред камерите и ќе одржи прес-конференција.

Претседателот Ердоган денеска во рамките на маргините на Самитот на НАТО во Штабот на Алијансата најпрвин  се состана со францускиот претседател Емануел Макрон.

Средбата помеѓу двајцата лидери, Ердоган и Макрон беше затворена за медиумите и траеше приближно 50 минути.

По оваа средба, претседателот Ердоган одделно се состана и со британскиот премиер Борис Џонсон, германската канцеларка Ангела Меркел и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера во Брисел имаше одделни средби и со унгарскиот премиер Виктор Орбан, литванскиот претседател Гитанас Науседа и летонскиот претседател Егилс Левитс.

 



Слични вести