Порака од претседателот Ердоган до НАТО: Границите на Турција истовремено се граници на НАТО

Претседателот Ердоган истакна дека не треба да се заборави оти границите на Турција истовремено се граници на НАТО

1657936
Порака од претседателот Ердоган до НАТО: Границите на Турција истовремено се граници на НАТО

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган имаше обраќање преку видеопорака на Бриселскиот форум под наслов „Придонес за стабилноста“ организиран во рамките на Самитот на шефови на држави и премиери на земјите членки на НАТО.

Претседателот Ердоган истакна дека не треба да се заборави оти границите на Турција истовремено се граници на НАТО.

Ердоган нагласи дека применуваат конструктивна и активна политика преку која преземаат иницијатива во решавањето на проблемите на теренот.

„Ги водиме и даваме придонес во сите иницијативи за осигурување на стабилноста од Ирак до Авганистан, од Кавказот до Балканот, од Црното Море до Медитеранот и Африка“, рече Тој.

Претседателот Ердоган истакна дека во соседските односи ги почитуваат меѓународното право, правдата, како и взаемните права и интереси.

„Верувам дека заживувањето на каналите на дијалогот со Грција која е наш сосед и сојузник, е во услуга на решавањето на билатералните прашања, како и на стабилноста и благосостојбата на регионот,“ - подвлече Ердоган и додаде дека едната од најголемите препреки коишто денеска стојат пред обезбедувањето на стабилноста, е тероризмот.

„Турција се наоѓа на предниот фронт во борбата против тероризмот на сите меѓународни платформи, пред сѐ во НАТО. Вложуваме интензивна борба против повеќе терористички организации како што се ПКК/ПЈД, ДЕАШ и ФЕТО, внатре и надвор од нашите граници“ - рече Тој.

„Ние сме единствениот НАТО сојузник кој води директна борба против ДЕАШ, и своите млади деца ги дава како шехиди. Во прекуграничните операции неутрализиравме околу 4.000 терористи на ДЕАШ. Во борбата која ја водиме против секој вид тероризам, за жал не ја видовме поддршката и солидарноста што ја очекуваме од нашите сојузници и партнери“ - нагласи Ердоган.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека не треба да се заборави оти границите на Турција истовремено се граници на НАТО, и додаде: „Од тој аспект знаеме дека презедовме важна одговорност не само за нашите национални интереси, туку и во осигурувањето на безбедноста и стабилноста на трансатлантскиот регион и нашите чекори ги фрламе со оваа свесност.“

Тој истакна дека Турција се наоѓа меѓу првите пет земји кои даваат најголем придонес во операциите и мисиите на НАТО и дека се наоѓа меѓу осумте земји кои даваат најголем придонес во заедничкиот буџет.

Претседателот Ердоган појасни дека Турција располага со втората најголема армија во НАТО и одигрува активна улога во адаптацијата на НАТО против актуелните закани и предизвици.

Ердоган нагласи дека важни се чекорите што ќе бидат преземени како сојузници, како и придонесот во насока на развивање на капацитетите на нивните партнери.

„Турција ќе продолжи да помага во обезбедувањето на глобалниот мир, глобалната благосостојба и глобалната стабилност во соработка со своите сојузници и со својата динамична економија, својата моќна одбранбена индустрија и со својата принципиелна надворешна политика“ - подвлече претседател Реџеп Тајјип Ердоган.

 



Слични вести