Полскиот министер за надворешни работи Рау: НАТО и Европа имаат потреба од нивните турски сојузници

Полскиот министер за надворешни работи Збигниев Рау во даденото интервју за полскиот весник „Rzeczpospolita“ истакна дека НАТО и Европа имаат потреба од нивните турски сојузници

1657940
Полскиот министер за надворешни работи Рау: НАТО и Европа имаат потреба од нивните турски сојузници

Полскиот министер за надворешни работи Збигниев Рау во даденото интервју за полскиот весник „Rzeczpospolita“ се осврна на значењето коешто го има Турција за Европа и НАТО и го рече следното: „НАТО и Европа имаат потреба од нивните турски сојузници.“

Тој истакна дека Турција е неопходен сојузник за одбраната на слободниот свет.

Нагласувајќи дека единствената планирана средба лице в лице на американскиот претседател Џо Бајден е со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, полскиот министер за надворешни работи Збигниев Рау рече: „Турција е клучен сојузник, ѝ за САД, ѝ за Полска. Едниот доказ за тоа е и тоа што претседателот Бајден неговата единствена планирана билатерална средба за Самитот на НАТО во Брисел ќе ја одржи со претседателот на Турција Реџеп Тајјип Ердоган. При повлекување на САД од Авганистан, надгледувањето на ова повлекување се реализира од страна на турската армија.“



Слични вести