Ердоган во Брисел оствари средби со Виктор Орбан, Гитанас Науседа и Егилс Левиц

Ердоган ќе оствари тет-а-тет средби и со претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Џо Бајден

1657247
Ердоган во Брисел оствари средби со Виктор Орбан, Гитанас Науседа и Егилс Левиц

Претседателот Реџеп Таип Ердоган престојуав во псоета на Брисел, Белгија, каде што учествува на Самитот на НАТО.

Претседателот Ердоган на аеродромот Мелсбрук во Брисел беше пречекан од постојаниот претставник на Турција во НАТО, Басат Озурк, постојаниот претставник во Европската унија Мехмет Кемал Бозај, амбасадорот на РТ во Брисел, Хасан Улусој и други претставници.

Кога Ердоган пристигна во хотелот каде што ќе престојува во Брисел, беше пречекан со радост од група луѓе кои го чекаа со турски знамиња, а меѓу кои имаше и Палестинци.

Претседателот Ердоган и сопруга Емине Ердоган од службениот автомобил ги поздравија луѓето што ги чекаа.

Претседателот Ердоган, кој ќе оствари билатерални средби со лидерите на земјите членки на НАТО, во вечерните часово се состана со унгарскиот премиер Виктор Орбан, литванскиот претседател Гитанас Науседа и летонскиот претседател Егилс Левитс.

Ердоган ќе оствари тет-а-тет средби и со претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Џо Бајден, литванскиот претседател Гитанас Науседа, летонскиот претседател Егилс Левитс, германската премиерка Ангела Меркел, премиерот на Велика Британија Борис Џонсон и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Предвидено е Ердоган да се сретне и со претседателот на Франција Емануел Макрон и холандскиот премиер Марк Руте.

Покрај сојузништвото во НАТО алијансата, на разговорите се очекува на дневен ред да бидат изнесени и билатералните односи и регионалните прашања.

Средбата Ердоган-Бајден ќе биде прва средба меѓу двајцата лидери по изборот на Бајден за претседател на САД.

Приоритетната агенда на турската делегација предводена од претседателот Ердоган на Самитот на НАТО ќе биде почитување на правата на суверенитетот на Турција и безбедносната чувствителност во врска со развојот на настаните во нејзиниот регион. На самитот ќе се потенцира одлучноста на Турција за овие прашања.

Исто така ќе биде подвлечено дека Турција е земја-членка што ги исполнува своите должности во рамките на алијансата и ќе се повторат понудите за соработка во борбата против тероризмот и ефективната интервенција во хуманитарните кризи.

 



Слични вести