Ердоган: Нашата надеж е сите наши сојузници да покажат целосна солидарност со Турција

Претседателот Ердоган рече: „Нашата надеж е сите наши сојузници оставајќи ги веќе настрана плитките политички пресметки, да покажат целосна солидарност со Турција“

1657946
Ердоган: Нашата надеж е сите наши сојузници да покажат целосна солидарност со Турција
000_9C47ZB.jpg
Erdoğan Biden.jpg
Ərdoğan və Bayden.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во рамките на маргините на Лидерскиот самит на НАТО во главниот град на Белгија, Брисел се состана со американскиот претседател Џо Бајден.

Средбата помеѓу двајцата лидери, беше затворена за медиумите и траеше 45 минути.

По средбата лице в лице се премина на меѓуделегациски разговори.

Претседателот Ердоган по остварените средби и разговори одржа прес-конференција на која истакна дека со американскиот претседател Џо Бајден остварија крајно корисна средба.

„Постигнавме согласност по прашањето на ефикасно и редовно користење на каналите за директен дијалог онака како што им доликува на двата сојузници и стратешки партнери. Со конструктивен приод ги разгледавме можностите за соработка во сферите во кои располагаме со заеднички интереси. На почитуваниот претседател (Бајден) му го изнесов истото наше размислување во однос на С-400 (купениот противвоздушно одбранбен систем од Русија), онака како што беа нашите размислувања претходно, на ист начин му го кажав истото и по прашањето на Ф-35.“ - рече Тој. 

Велејќи дека не постои ниту едно прашање коешто не може да се реши помеѓу Турција и САД, претседателот Ердоган го рече следното: „Мислиме дека нашите сфери на соработка презентираат поширока и богата перспектива од поглавјата на проблемите. Доколку не се посакува да излеземе од Авганистан (овде) од големо значење е поддршката што ќе ни ја дадат САД во однос на дипломатски, логистички и финансиски прашања.“

По прашањето на воспоставувањето на безбедноста на аеродромот во Кабул пак, Ердоган рече: „Му ги кажавме (на Бајден) нашето размислување да ги земеме покрај нас Пакистан и Унгарија.“

Тој рече информира дека го поканил американскиот претседател Џо Бајден да ја посети Турција и дека Бајден покажал позитивен приод кон оваа негова покана.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во врска со Самитот на НАТО пак кој заврши истакна дека растат ѝ детерминирачката ставка и одговорностите коишто треба да ги преземе НАТО во одбраната на глобалната стабилност.

„Време е да се стави раката под каменот, а не да се бега од одговорност.“ - рече Тој, а воедно го подвлече следното: „Сојузот треба да преземе активна улога секаде онаму кадешто постои потреба од безбедносниот чадор што го обезбедува НАТО, од Средоземното Море до Црното Море, од Европа до Азија.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својот говор во врска со прекуграничните операции на Турција ја достави следната информација: „Благодарение на нашите прекугранични операции исчистивме од тероризмот простор поширок од 8.200 квадратни километри. На Самитот на НАТО како во нашето обраќање така и во нашите билатерални средби отворено ја сиаткнавме потребата веќе да се стави крај на поддршката којашто и се дава на (сепаратистичко-терористичката организација) ПЈД/ПКК.“

Велејќи „Претставува голем пропуст тоа што терористите кои им ги предаваме на нивните матични земји шетаат слободно без да бидат подложени на накиква истрага, па дури во некои земји можат да реализираат терористички акции“, Ердоган рече: „Нашата надеж е сите наши сојузници оставајќи ги веќе настрана плитките политички пресметки, да покажат целосна солидарност со Турција.“ 

„За жал го зачувува своето постоење искривениот начин на разбирање со кој се прави разлика меѓу организациите по прашањето на тероризмот, се оди на класификација добар терорист-лош терорист. Јасно стои дека ваквиот амбивалентен став  не ќе може да стави крај на тероризмот, туку напротив ќе ги охрабри терористичките организации.“ - порача Тој.

Во врска со остварената средба со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во рамките на Самитот на НАТО во Брисел, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, ја изнесе следната констатација: „Остварена е убава средба. Реков 'да не ги мешаме во оваа работа третите земји или лица, било во Егејот, било во другите региони'.“

 



Слични вести