Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 74 лица, регистрирани се 5.626 позитивни случаи

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 74 лица, направени се 219.290 тестирања од кои се регистрирани 428 новозаболени, дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 5.626 лица

1657921
Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 74 лица, регистрирани се 5.626 позитивни случаи

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 74 лица.

Бројот на смртните случаи од почетокот на епидемијата достигна вкупно 48.795. 

Во изминатите 24 часа се направени 219.290 тестирања од кои се дијагностицирани 428 новозаболени. 

Дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 5.626 лица.

Заврши лекувањето на уште 4.585 лица со што вкупниот број на оздравени од Ковид-19 во Турција се зголеми на 5 милиони 206 илјади 836 лица.

Во меѓувреме, според постојано ажурираните податоци на интернет адресата на Министерството за здравство covid19asi.saglik.gov.tr заклучно со денеска 14 јуни 2021 година, понеделник, во 20:50 часот (по турско време) бројот на администрираните вакцини против Ковид-19 во Турција изнесува вкупно 34 милиони 545 илјади 601 доза од кои 20 милиони 776 илјади 035 лица се вакцинирани со првата доза, а 13 милиони 769 илјади 566 лица по првата доза ја примија и втората доза вакцина.

 

 



Слични вести