Билатерални средби на претседателот Ердоган на маргините на Самитот на НАТО во Брисел

Претседателот Ердоган во Брисел кадешто престојува по повод Самитот на НАТО остварува низа билатерални средби и разговори со лидерите на земјите членки на Алијансата

1657597
Билатерални средби на претседателот Ердоган на маргините на Самитот на НАТО во Брисел
Cumhurbaşkanı Erdoğan Brüksel NATO Liderler Zirvesi.jpg
erdogan johnson.jpg
Cumhurbaşkanı Erdoğan Birleşik Krallık Başbakanı Boris Johnson NATO Zirvesi.jpg
Cumhurbaşkanı Erdoğan Almanya Başbakanı Angela Merkel NATO Zirvesi.jpg
Erdoğan Mitsotakis.jpg
erdogan stoltenberg.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во главниот град на Белгија, Брисел кадешто престојува по повод Самитот на НАТО остварува низа билатерални средби и разговори со лидерите на земјите членки на Алијансата кои допатуваа за самитот.

Во тие рамки, претседателот Ердоган денеска во Штабот на НАТО најпрвин  се состана со францускиот претседател Емануел Макрон.

Средбата помеѓу двајцата лидери, Ердоган и Макрон беше затворена за медиумите и траеше приближно 50 минути.

По оваа средба, претседателот Ердоган идделно се состана и со британскиот премиер Борис Џонсон и германската канцеларка Ангела Меркел.

Претседателот Ердоган, на маргините на Самитот на НАТО во Брисел имаше средба и со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, а во наредните часови ќе се состане и со лидерите на други земји членки на Сојузот.

Потоа приквечер околу 18:00 часот по турско време погледите ќе бидат свртени кон средбата лице в лице којашто претседателот Ердоган ќе ја одржи со американскиот претседател Џо Бајден.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера во Брисел имаше одделни средби со унгарскиот премиер Виктор Орбан, литванскиот претседател Гитанас Науседа и летонскиот претседател Егилс Левитс.



Слични вести