Во северниот дел на Ирак се неутрализирани 5 терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека во рамките на операциите „Шепа-Молња“ и „Шепа-Гром“ коишто продолжуваат во северниот дел на Ирак се неутрализирани 5 терористи

1657046
Во северниот дел на Ирак се неутрализирани 5 терористи

Во рамките на операциите „Шепа-Молња“ и „Шепа-Гром“ („Pençe-Şimşek“ и Pençe-Yıldırım“) коишто продолжуваат да се реализираат во северниот дел на Ирак се неутрализирани 5 терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во споделената објава на профилот на Министерството за национална одбрана на социјалната мрежа Твитер се истакнува следното: „Неутрализирани се 5 терористи на ПКК кои се утврдени во рамките на операциите „Шепа-Молња“ и „Шепа-Гром“ коишто продолжуваат да се реализираат во северниот дел на Ирак. Нашите операции продолжуваат со одлучност.“

 



Слични вести