Висока турска делегација предводена од министерот за надворешни работи Чавушоглу во посета на Либија

Висока турска делегација предводена од министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу вчера отпатува во посета на Либија кадешто ќе бидат остварени низа средби и разговорите со либиските функционери

1656823
Висока турска делегација предводена од министерот за надворешни работи Чавушоглу во посета на Либија

Пред претстојниот Самит на НАТО закажан за 14 јуни на инструкција на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, висока турска делегација предводена од министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу вчера отпатува во посета на Либија.

Турската делегација на чело со министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу е составена од министерот за национална одбрана Хулуси Акар, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер, шефот на Националната раузнавачка служба (МИТ) Хакан Фидан, портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин и шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун.

За време на еднодневната посета на Триполи што се остварува во предвечерието на Самитот на НАТО што ќе се одржи на 14 јуни (утре, во понеделник) во белгискиот главен град Брисел, високата турска делегација ќе оствари средби и разговори со либискиот премиер Абдулхамид Дибејбе и со своите либиски колеги.

На дневниот ред на средбите и разговорите се наоѓаат билатералните односи помеѓу Турција и Либија и регионални прашања.

Делегацијата се очекува да се состане и со претседателот на Претседателскиот совет на Либија Мухамед ал-Менфи.

 

 



Слични вести