Турција го осуди терористичкиот напад на ЈПГ/ПКК врз болницата во подрачјето на Африн во Сирија

Министерството за надворешни работи на Турција соопшти дека жестоко се осудува терористичкиот напад на ЈПГ/ПКК врз болницата во подрачјето на Африн во северозападниот дел на Сирија во кој загинаа 13 цивили, а 27 мина беа ранети

1656832
Турција го осуди терористичкиот напад на ЈПГ/ПКК врз болницата во подрачјето на Африн во Сирија

Турција го осуди реализираниот терористички напад од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ/СДФ врз подрачјето на Африн во северозападниот дел на Сирија, во кој беше погодена болницата „Шифа“ при што загинаа 13 цивили, а 27 мина беа ранети.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува дека „жестоко се проколнува“ терористичкиот напад врз болницата „Ал Шифа“ и сервисот за итни случаи во центарот на Африн поддржана од Сириско-американското медицинско здружение што беше реализиран од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ/СДФ во кој загинаа голем број цивили меѓу кои се наоѓаат и здравствени работници.

Во соопштението се нагласува следното: „ПКК/ЈПГ/СДФ која не се воздржува со топови и ракети да цели против невините цивили и здравствените работници кои работат непоколебливо за да му пружаат услуга на сирискиот народ во секои услови, уште еднаш го покажа својот идентитет како терористичка организација и своето крваво лице. На нашите сириски браќа кои ги загубија животите им посакуваме милост од Аллах, на ранетите им посакуваме итно оздравување.' 

Во истото соопштение се поканува меѓународната заедница да ги види вистините, да стави крај на поддршката на оваа терористичка организација која делува под различни имиња, а воедно се вели следното: „Повторуваме дека со одлучност секогаш и секаде ќе ја продолжиме нашата борба против сите терористички организации кои претставуваат заканата за нашата национална безбедност и сириските цивили.“

Инаку, сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК изврши напад врз подрачјето на Африн во северозападниот дел на Сирија во кој беше погодена болницата „Шифа“ во центарот на градчето Африн и притоа загинаа 13 цивили кои се наоѓаа на лекување во болницата, а 27 лица беа ранети.

 



Слични вести