Терористите на ЈПГ/ПКК извршија напад врз болница во Африн: Загинаа 13 цивили, 27 мина се ранети

Во реализиран напад со истрелана ракета Град и топовски истрели врз подрачјето на Африн во северозападниот дел на Сирија беше погодена една приватна болница во градчето Африн и притоа загинаа 13 цивили, а 27 мина се ранети

1656819
Терористите на ЈПГ/ПКК извршија напад врз болница во Африн: Загинаа 13 цивили, 27 мина се ранети
afrin teror saldirisi.jpg

Сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК изврши напад врз подрачјето на Африн во северозападниот дел на Сирија во кој беше погодена една приватна болница во градчето Африн и притоа загинаа 13 цивили кои се наоѓаа на лекување во болницата, а 27 мина се ранети.

Во објавеното писмено соопштение од Губернијата на Хатај се истакнува дека од страна на елементите на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК од подрачјето на Тел Рифат кое се наоѓа под контрола на Асадовиот режим е истрелана ракета Град и се реализирани топовски истрели врз подрачјето на Африн.

Во соопштението се вели дека во нападот е погоден сервисот за итни случаи на приватната болница „Шифа“ и се додава следното: „Животите ги загубија 13 цивили кои се наоѓаа на лекување во болницата, а 27 лица се ранети.“



Слични вести