Претседателот на Претседателскиот совет на Либија Менфи: Значајно е да се развијат длабоките историски односи со Турција

Претседателот на Претседателскиот совет на Либија Мухамед ал-Менфи привлече внимание на длабочината на историските односи помеѓу Турција и неговата земја и нагласи дека е значајно да се развијат односите со Турција

1656844
Претседателот на Претседателскиот совет на Либија Менфи: Значајно е да се развијат длабоките историски односи со Турција

Претседателот на Претседателскиот совет на Либија Мухамед ал-Менфи нагласи дека значајно е да се развијат односите со Турција.

Во објавеното соопштение од канцеларијата за печат на Менфи се истакнува дека на остварената средба со високата турска делегација предводена од министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу која вчера престојуваше во еднодневна посета на Триполи претседателот на Претседателскиот совет на Либија Мухамед ал-Менфи привлече внимание на длабочината на историските односи помеѓу Турција и неговата земја.

Во соопштението воедно се вели дека Менфи нагласи дека е значајно да се развијат можностите за соработка и билатералните односи со Анкара и дека освен тоа министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу му го достави на Менфи поздравот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и подвлече дека Турција ги поддржува единството и стабилноста на Либија. 

Високата турска делегација предводена од министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу која вчера престојуваше во еднодневна посета на Триполи, по остварените средби и разговори со претседателот на Претседателскиот совет на Либија Мухамед ал-Менфи, премиерот на Владата на национално единство на Либија Абдулхамид Дибејбе и со членовите на Претседателскиот совет на Либија Абдулах ал-Лафи и Муса ал-Кони, се врати во земјата.



Слични вести