Претседателот Ердоган утре во Брисел ќе учествува на Самитот на НАТО

Средбата Ердоган-Бајден на маргините на утрешниот Самит на НАТО во Брисел ќе биде првата директна средба лице в лице помеѓу двајцата лидери по изборот на Бајден за претседател на Соединетите Американски Држави (САД)

1656995
Претседателот Ердоган утре во Брисел ќе учествува на Самитот на НАТО

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган утре (14 јуни, понеделник) ќе учествува на Самитот на НАТО што ќе се одржи во главниот град на Белгија, Брисел.

Претседателот Ердоган на маргините на самитот ќе оствари и билатерални средби со лидерите на другите земји членки на НАТО меѓу кои со претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Џо Бајден, литванскиот претседател Гитанас Науседа, летонскиот претседател Егилс Левитс, германската канцеларка Ангела Меркел, премиерот на Велика Британија Борис Џонсон и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Исто така, претседателот Ердоган се планира да се состане и со францускиот претседател Емануел Макрон и со холандскиот премиер Марк Руте.

На сиве овие средби и разговори освен прашања посветени на НАТО се очекува да бидат поставени на дневен ред и билатералните односи и регионални прашања. 

Средбата Ердоган-Бајден ќе биде првата директна средба лице в лице помеѓу двајцата лидери по изборот на Бајден за претседател на Соединетите Американски Држави (САД).

Приоритетната агенда на турската делегација на чело со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на утрешниот Самит на НАТО ќе биде да се покажува почит кон суверените права и безбедносните чувствителности на Турција во врска со регионот во кој се наоѓа. На самитот ќе биде нагласена одлучноста на Турција во однос на овие прашања.

Ќе биде подвлечено дека Турција е земја членка на НАТО која ги исполнува задачите што и се паѓаат во рамките на Сојузот, а воедно ќе им се повторат на соговорниците и предлозите за соработка во борбата против тероризмот и ефикасната интервенција во хуманитарните кризи.

 



Слични вести