Министерот за национална одбрана Акар во Триполи се состана со либиските воени функционери

Министерот за национална одбрана Акар во Триполи се состана со со началникот на Генералштабот на Либија генерал на армија Мухамед Али Хадад и воениот регионален командант на Триполи генерал мајор Абдулбасит Мерван

1657043
Министерот за национална одбрана Акар во Триполи се состана со либиските воени функционери

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во рамките на остварената посета на Триполи се состана со либиските воени функционери.

Акар имаше средба со началникот на Генералштабот на Либија генерал на армија Мухамед Али Хадад и воениот регионален командант на Триполи генерал мајор Абдулбасит Мерван.

Потоа, министерот Хулуси Акар се состана со воениот персонал на Командата на групата на задача во Либија.

Акар во говорот што го одржа во оваа пригода ги нагласи пријателските односи коишто долги години продолжуваат помеѓу Турција и Либија.

Тој истакна дека Турција ќе продолжи да го прави она што е неопходно за единството, целовитоста и безбедноста на Либија.

Потсетувајќи на реализираните наапади од страна на пучистот Халифа Хатар врз невините луѓе во Либија, Акар истакна дека експлозивните направи коишто беа поставени од страна на милициските сили на Хафтар и беа ставени дури и во играчки станаа причина за смртта на голем број цивили меѓу кои се наоѓаа и деца.

„Има голем број наши либиски браќа кои поради овие експлозивни направи и мини ги загубија своите екстремитети или станаа шехиди (загинаа). Еден дел од нив се лекувани овде, еден дел во Турција. Треба да го исполниме она што ни се паѓа за овие наши браќа, да бидеме нивни водачи, да им помогнеме, да им го покажеме патот. Ја споделуваме со нашите либиски браќа оваа болка, оваа тешкотија, и правиме се што можеме за да го стишиме тоа. Сплотени во една тупаница, едно тело како браќа, сме заедно со Либија во нејзината праведна кауза.“ - порача министерот за национална одбрана Хулуси Акар.

 



Слични вести