Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 75 лица, регистрирани се 6.076 позитивни случаи

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 75 лица, направени се 218.578 тестирања од кои се регистрирани 503 новозаболени, дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 6.076 лица

1656813
Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 75 лица, регистрирани се 6.076 позитивни случаи

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 75 лица.

Бројот на смртните случаи од почетокот на епидемијата достигна вкупно 48.668. 

Во изминатите 24 часа се направени 218.758 тестирања од кои се дијагностицирани 503 новозаболени. 

Дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 6.076 лица.

Заврши лекувањето на уште 5.112 лица со што вкупниот број на оздравени од Ковид-19 во Турција се зголеми на 5 милиони 198 илјади 057 лица.

Во меѓувреме, според постојано ажурираните податоци на интернет адресата на Министерството за здравство covid19asi.saglik.gov.tr заклучно со денеска 13 јуни 2021 година, недела, во 08:30 часот (по турско време) бројот на администрираните вакцини против Ковид-19 во Турција изнесува вкупно 33 милиони 330 илјади 608 доза од кои 19 милиони 679 илјади 875 лица се вакцинирани со првата доза, а 13 милиони 650 илјади 733 лица по првата доза ја примија и втората доза вакцина.

 



Слични вести