Во ракетен напад во операцијата „Шепа-Гром“ на северот на Ирак загина еден турски војник

Министерството за национална одбрана соопшти дека во реализиран ракетен напад од страна на терористичката организација врз една воена база во подрачјето на операцијата „Шепа-Гром“ во северниот дел на Ирак, стана шехид (загина) еден турски војник

1656454
Во ракетен напад во операцијата „Шепа-Гром“ на северот на Ирак загина еден турски војник

Во реализиран ракетен напад од страна на терористичката организација врз една воена база во подрачјето на операцијата „Шепа-Гром“ („Pençe-Yıldırım“) во северниот дел на Ирак, стана шехид (загина) еден турски војник.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека вчера од страна на припадниците на сепаратистичко-терористичката организација ПКК е реализиран ракетен напад во подрачјето на операцијата „Шепа-Гром“ („Pençe-Yıldırım“) во кој беше тешко ранет еден војник кој веднаш беше префрлен во болница, но и покрај сите напори на лекарите им подлегна на раните и стана шехид (го загуби животот).

Во соопштението се вели следното: „На начиот честит шехид (загинат) кој го загуби животот во овој настан и не облеа во длабока болка и жалост му посакуваме милост од Аллах, го изразуваме нашето сочувство до неговото тажно семејство, Турските вооружени сили и до нашиот честит народ. Им посакуваме трпение.“



Слични вести