Во една пештера во северниот дел на Ирак се неутрализирани тројца терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека во реализирана операција на една пештера во подрачјето на операцијата „Шепа-Молња“ во северниот дел на Ирак се неутрализиранитројца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1656600
Во една пештера во северниот дел на Ирак се неутрализирани тројца терористи

Во реализирана операција на една пештера во подрачјето на операцијата „Шепа-Молња“ („Pençe-Şimşek“) во северниот дел на Ирак се неутрализирани тројца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во споделената објава на профилот на Министерството за национална одбрана на социјалната мрежа Твитер се истакнува дека продолжува јуначката борба којашто ја водат со самопожртвување Турските вооружени сили (ТВС) во северниот дел на Ирак.

Во соопштението се вели дека во една утврдена пештера во рамките на операцијата  „Шепа-Молња“ („Pençe-Şimşek“) којашто продолжува да се реализира успешно во северниот дел на Ирак се неутрализирани тројца терористи на ПКК.

Во истото соопштение се додава дека во реализираните пребарувања во пештерата се запленети големи количини на оружје, муниција и материјали на терористите за обезбедување на нивните животни потреби.



Слични вести