Ибрахим Калин разговараше со советникот за национална безбедност на САД Саливан

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин разговараше телефонски со советникот за национална безбедност на САД Џејк Саливан

1656650
Ибрахим Калин разговараше со советникот за национална безбедност на САД Саливан

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин разговараше телефонски со советникот за национална безбедност на САД Џејк Сaливан. 

Во разговорот беше направена проценка пред се на билатералните односи, како и регионални случувања  вклучувајќи ги Авганистан, Сирија, Либија, Источниот Медитеран и Кипар. 

Беше разговарано за деталите на билатералната средба што ќе се одржи во рамките на Самитот на НАТО помеѓу претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и американскиот претседател Џо Бајден, како и за прашањата за кои ќе се разговара на оваа средба.

Во телефонскиот разговор беше нагласено дека односите помеѓу Турција и Соединетите Американски Држави (САД), како два НАТО сојузници со коренито минато, треба да се унапредуваат со позитивна агенда и да се фокусираат на стратешка соработка.

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин и советникот за национална безбедност на Соединетите Американски Држави (САД)Џејк Саливан постигнаа согласност дека сите прашања коишто се однесуваат на односите помеѓу Турција и САД треба да се решаваат со взаемен интерес и со меѓусебно почитување.

 



Слични вести