Трилатерална средба на министерот Акар со неговите италијански и британски колеги, Гуерини и Валас

Трилатерална средба на министерот за национална одбрана Хулуси Акар со неговите италијански и британски колеги Лоренцо Гуерини и Бен Валас

1656397
Трилатерална средба на министерот Акар со неговите италијански и британски колеги, Гуерини и Валас

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар пред посетата на Либија замина за островот Сицилија во Италија кадешто се состана со британскиот министер за одбрана Бен Валас и со италијанскиот министер за одбрана Лоренцо Гуерини.

На остварената средба на носачот на авиони „ХМС Квин Елизабет“ („HMS Queen Elizabeth“) укотвен во пристаништето Аугуста беа разменети мислења во однос на билатералните одбранбени и безбедносни односи меѓу трите земји (Турција, Италија и Велика Британија) и регионални прашања.

Министерот Хулуси Акар отпатува за Италија по вчерашното официјално отворање на Командата за поморски безбедносен центар за извонредност на НАТО во Истанбул.

Акар на воениот аеродром Сигонела на островот Сицилија во Италија беше пречекан од страна на воени функционри и оттаму премина во пристаништето Аугуста.

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар најпрвин се состана со својот италијански колега, министерот за одбрана Лоренцо Гуерини, а потоа учествуваше на трилатералната средба што се одржа меѓу министрите за одбрана на Турција, Италија и Велика Британија.

На трилатералната средба беа разменети мислења во однос на билатералните одбранбени и безбедносни односи меѓу трите земји (Турција, Италија и Велика Британија) и регионални прашања.

Министерот Акар по состанокот одржа билатерална средба со британскиот министер за надворешни работи Бен Валас.

Во направената проценка по одржаните средби и разговори, министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека разговорите поминаа конструктивно и позитивно.

„Со големо задоволство бев сведок на тоа дека постои взаемно разбирање во однос на прашањата за коишто разговаравме.“ - рече Акар.

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар по овдешните остварени средби и разговори замина за Либија.

 



Слични вести