На инструкција на претседателот Ердоган, висока турска делегација ќе престојува во посета на Либија

На инструкција на претседателот Ердоган висока турска делегација предводена од министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ќе престојува во еднодневна посета на Либија

1656398
На инструкција на претседателот Ердоган, висока турска делегација ќе престојува во посета на Либија

Пред претстојниот Самит на НАТО закажан за 14 јуни на инструкција на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, висока турска делегација предводена од министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ќе престојува во посета на Либија.

Турската делегација на чело со министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу ќе биде составена од министерот за национална одбрана Хулуси Акар, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер, шефот на Националната раузнавачка служба (МИТ) Хакан Фидан, портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин и шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун.

За време на еднодневната посета на Триполи, високата турска делегација ќе оствари средби и разговори со либискиот премиер Абдулхамид Дибејбе и со своите либиски колеги.

Делегацијата се очекува да се состане и со претседателот на Претседателскиот совет на Либија Мухамед ел-Менфи.



Слични вести