Ердоган: Се гордееме со услугите на турската Црвена полумесечина „Кизилај“ која служи како модел за светот

Претседателот Ердоган по повод 11 јуни одбележувањето на 153 годишнината од формирањето на турската Црвена полумесечина „Кизилај“ испрати порака до претседателот Керем Киник

1656393
Ердоган: Се гордееме со услугите на турската Црвена полумесечина „Кизилај“ која служи како модел за светот

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека се гордеат со услугите на турската Црвена полумесечина „Кизилај“ која за време на тешки времиња стои покрај луѓето во еден широк спектар и која служи како модел за светот.

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации на претседателството, претседателот Ердоган по повод 11 јуни одбележувањето на 153 годишнината од формирањето на турската Црвена полумесечина „Кизилај“ испрати порака до претседателот Керем Киник.

Претседателот Ердоган во пораката истакна дека турската Црвена полумесечина „Кизилај“ е симбол на карактеристиките на народот како што се милоста, сочувството и солидарноста.

Ердоган го напиша следното: „Ѝ ја честитам годишнината од формирањето на турската Црвена полумесечина 'Кизилај'. Се гоордеме со услугите на турската Црвена полумесечина 'Кизилај' која служи како модел за светот и која е покрај луѓето за време на нивните тешки времиња во еден широк спектар од организирањето во елементарните непогоди до донирање на крв, од доставување на меѓународна помош до социјални активности, активности со миграција и мигранти, до доставување на прва помош.“

„Од сѐ срце со најсрдечни чувства им честитам на сите припадници и волонтери на турската Црвена полумесечина 'Кизилај' за која верувам дека ќе продолжи да ги подобрува животите на луѓето и на најдобар начин да ја претставува нашата земја во пружањето услуга на луѓето. Ви посакувам успех во вашата работа.“ - напиша претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во испратената порака со честитка по повод 11 јуни, одбележувањето на 153 годишнината од формирањето на турската Црвена полумесечина „Кизилај“.



Слични вести