Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 69 лица, регистрирани се 6.261 позитивен случај

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 69 лица, направени се 224.128 тестирања од кои се регистрирани 561 новозаболен, дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 6.261 лице

1656386
Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 69 лица, регистрирани се 6.261 позитивен случај

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 69 лица.

Бројот на смртните случаи од почетокот на епидемијата достигна вкупно 48.593. 

Во изминатите 24 часа се направени 224.128 тестирања од кои се дијагностицирани 561 новозаболен. 

Дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 6.261 лице.

Заврши лекувањето на уште 6.217 лица со што вкупниот број на оздравени од Ковид-19 во Турција се зголеми на 5 милиони 192 илјади 945 лица.

Во меѓувреме, според постојано ажурираните податоци на интернет адресата на Министерството за здравство covid19asi.saglik.gov.tr заклучно со денеска 11 јуни 2021 година, петок, во 21:30 часот (по турско време) бројот на администрираните вакцини против Ковид-19 во Турција изнесува вкупно 32 милиони 844 илјади 261 доза од кои 19 милиони 261 илјади 617 лица се вакцинирани со првата доза, а 13 милиони 582 илјади 644 лица по првата доза ја примија и втората доза вакцина.



Слични вести