Предупредување од печатот на САД: Бајден треба внимателно да ги води односите помеѓу САД и Турција

Во написот објавен на веб страницата на списанието „National Interest“ се истакнува следното: „Бајден треба внимателно да ги води односите помеѓу САД и Турција“

1655643
Предупредување од печатот на САД: Бајден треба внимателно да ги води односите помеѓу САД и Турција

Додека наближува денот на одржување на очекуваната прва директна средба лице в лице помеѓу претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и американскиот претседател Џо Бајден, печатот во Соединетите Американски Држави (САД) го предупреди Бајден.

Во написот објавен на веб страницата на списанието „National Interest“ се истакнува следното: „Бајден треба внимателно да ги води односите помеѓу САД и Турција.“ 

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и американскиот претседател Џо Бајден ќе се состанат за време на претстојниот Самит на НАТО на 14 јуни во главниот град на Белгија Брисел.

На неколку дена пред оваа значајна средба внимание привлече еден објавен напис на интернет страницата на списанието на тинк-тенк организацијата „National Interest“ со седиште во Вашингтон.

Во написот под наслов „Седум патишта за развој на обемната дипломатска стратегија со Турција“ се истакнува дека средбата (Ердоган-Бајден) претставува можност за поправање на оштетените односи во последно време и се доставува следната порака: „Бајден треба внимателно да ги води односите помеѓу САД и Турција.“

Во написот му се одделува место и на тероризмот на ПКК/ЈПГ во врска со што се вели следното: „САД ѝ должат јасен одговор на нивниот НАТО сојузник Турција за нејзините грижи по прашањето на тероризмот на ЈПГ.“

Се привлекува внимание дека храбриот чекор што ќе го фрли Бајден по ова прашање во значителна мера ќе може да ги подобри билатералните односи.

Во написот се истакнува дека треба да се изнајде решение и за прашањето со противвоздушно одбранбените системи С-400.

Се привлекува внимание дека во тоа ќе биде од полза САД на Турција како алтернатива да и ги понудат ракетите Патриот и да ја вклучат Турција во програмата за борбените авиони Ф-35.

Во написот се осврнува и на прашањето со Источниот Медитеран и се нагласува дека САД во соработка, треба да го поттикнуваат техничкото решение.

Се укажува дека комитетот составен од експерти на Обединетите нации (ОН) би можел да обезбеди позитивен придонес во односите со разгледување на прашањето со неутрален приод.

Во написот и се одделува место и на пораката дека администрацијата на Бајден треба да го поттикнува покренувањето на тужба во американските судови од страна на турските граѓани кои се жалат од Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО).

 



Слични вести