Ердоган и Џапаров одржаа заедничка прес конференција

И покрај новиот тип на епидемија на коронавирус (Ковид-19), немаше значително намалување на обемот на меѓусебната трговија од 507 милиони долари

1655065
Ердоган и Џапаров одржаа заедничка прес конференција

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека Турција ќе продолжи со поддршката на Киргистан.

Ердоган во Анкара одржа заедничка прес-конференција со претседателот на Република Киргистан Садир Џапаров, кој престојува во посета на Турција.

Претседателот Ердоган рече:

„На господинот претседател уште еднаш му ја изразивме поддршката на Турција на киргистанскиот народ и државата. Уставниот референдум одржан на 11 април беше пресвртница. Со овој референдум, киргистанскиот народ го претпочиташе претседателскиот систем на владеење. Посакувам новиот систем да биде аирлија. Верувам дека Киргистан ќе напредува со новите можности. Турција ќе продолжи да ги споделува своите искуства и да го поддржува Киргистан на секој начин“.

Наведувајќи дека детално ги разгледале и трговските односи меѓу Турција и Киргистан, Ердоган рече:

„И покрај новиот тип на епидемија на коронавирус (Ковид-19), немаше значително намалување на обемот на меѓусебната трговија од 507 милиони долари. Очигледно е дека нашиот потенцијал е многу поголем. Ние ќе ги зголемиме нашите напори да ја достигнеме трговската цел од 1 милијарда долари.

Со одлуките што ги донесовме и договорите што ги потпишавме, ја зајакнавме договорната основа на нашето стратешко партнерство. Го утврдивме нашиот патоказ за чекорите што треба да се преземат од Високиот совет за стратешка соработка во нашата заедничка декларација.

Задоволен сум што го споделувам истото чувство со мојот драг брат во врска со развојот на нашите меѓусебни инвестиции. Во меѓувреме, се надевам дека чекорите што ќе ги преземеме, ќе ги зголемат летовите меѓу Турција и Киргистан за 28 фреквенции и овие меѓусебни патувања ќе бидат многу почести и поинакви“.

Наведувајќи дека на средбата разговарале за сите прашања од борбата против тероризмот, особено против Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО), до регионалната соработка, Ердоган рече дека со Џапаров се согласиле дека ФЕТО претставува национална безбедносна закана за двете земји и дека оваа закана ќе ја надминат заедно, рамо до рамо“.

Претседателот на Киргистан, Џапаров, исто така, изрази задоволство од зголемената важност на неговата земја и Турција на меѓународната сцена.



Слични вести