Чавушоглу: „САД сака да сорaботува со Турција“

Министерот Чавушоглу се осврна на претстојната средба меѓу претседателите Бајден и Ердоган

1655078
Чавушоглу: „САД сака да сорaботува со Турција“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече дека имале можност да увидат дека Соединетите Американски Држави (САД) сакаат да соработуваат со Турција на повеќе полиња.

Во рамките на посетата на Турската радиотелевизиска корпорација (ТРТ) и учеството на специјалната емисија на информативниот канал ТРТ Хабер, Чавушоглу изјави дека средбата средбата меѓу претседателот Реџеп Тајип Ердоган и американскиот претседател Џо Бајден ќе биде во преден план на Самитот на НАТО што ќе се одржи на 14 јуни.

Чавушоглу изјави дека Ердоган ќе има многу билатерални средби и ќе се сретне и со францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка Ангела Меркел и британскиот премиер Борис Џонсон.

Чавушоглу, во врска со средбата Ердоган-Бајден рече:

„Кои чекори ќе бидат преземени со САД во новиот период. Има проблеми. Проблемите што започнаа кога на чело на државата беа демократите, продолжија и во периодот на Трамп. Постои изјавата на Бајден во врска со 24 април (НАВОДНИОТ ерменски геноцид). Сè уште продолжува прашањето со С-400 (одбранбениот систем кој што Турција го купи од Русија). Се поставува прашањето: Од една страна како ќе ги решиме овие проблеми, од друга страна пак, дали можеме да ги зајакнеме односите? Им доставивме информативен лист за решавање на постојните проблеми“.

Нагласувајќи дека мора да се исполнат очекувањата на Турција и дека не е лесно искрено да се соработува на повеќе полиња, сè додека траат проблемите, Чавушоглу рече:

„Треба да преземеме заемни чекори во сите области. Средбата на нашиот претседател ќе биде важна. Се надеваме дека ќе излезат добри резултати од состанокот

Мевлут Чавушоглу во продолжение рече:

„Гледаме дека (САД) е подготвена да соработува со нас не само во Либија и Сирија, туку и во многу области од Медитеранот до Црното Море и Кавказ“.

Чавушоглу се осврна и на прашањето околу ракетите „Патриот“ меѓу Турција и САД.

„Не мора да бидат ракетите „Патриот“. Ако САД не гарантираат „Патриот“, тогаш можеме да купиме и системи за противвоздушна одбрана од другите сојузници“, рече Чавушоглу.



Слични вести