Чавушоглу: „ Кампот Махмур во северен Ирак се претворил во камп за обука на терористите на ПКК“

Ирачката администрација е таа што ќе го реши овој проблем

1655107
Чавушоглу: „ Кампот Махмур во северен Ирак се претворил во камп за обука на терористите на ПКК“

 

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече дека Кампот Махмур во северен Ирак од бегалски камп се претворил во камп за инкубација на членовите на ПКК, каде што се обучуваат терористи“.

Чавушоглу, кој беше гостин на специјалната емисија на информативниот канал ТРТ Хабер на Турската радио-телевизиска корпорација (ТРТ), се осврна на борбата против тероризмот и изјави дека кампот е под одговорност на ирачката централна администрација.

„Ирачката администрација е таа што ќе го реши овој проблем. Околу кампот има планини. Се чини дека ПКК и тука се вгнезди“.

Истакнувајќи дека сепаратистичко-терористичката организација ПКК ги контролира влезовите и излезите на кампот, Чавушоглу потсети дека тие ги направиле потребните известувања до Обединетите нации (ОН),

„Не сакам да кажам дека ОН не е виновен, но ова веќе не е камп под контрола на ОН“.

Чавушоглу изјави дека на ирачката администрација и порачале: „Или да соработуваме или дозволете ние да го исчистиме кампот од ПКК“.

„Ние го почитуваме суверенитетот на Ирак. Сите видоа дека го поддржуваме територијалниот интегритет на Ирак. Ние секогаш стоевме покрај нив во нивните проблеми. Ние би сакале да го сториме тоа заедно. Ако имаат капацитет, наш избор е самите да го исчистат тероризмот. Но за жал, тоа не е така. Ние имаме капацитет да го направиме тоа. Можеме да ги разликуваме и одвоиме цивилите. Ние сме способни да го направиме тоа“ рече Чавушоглу.

Наведувајќи дека Ирак е загрижен од терористите во земјата и дека не сака напад врз Турција од нејзината територија, Чавушоглу рече:

„Едно е да се каже тоа, друго се случувањата на терен“.



Слични вести