Бројот на оздравените од Ковид-19 во Турција се зголеми на 5.186.728 лица

Во последните 24 часа беа остварени 223.320 тестови

1655851
Бројот на оздравените од Ковид-19 во Турција се зголеми на 5.186.728 лица

 

Во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа во Турција се регистрирани 96 смртни случаи.

Вкупниот број на смртните случаи од почетокот на епидемијата се зголеми на 48.524.

Во последните 24 часа беа остварени 223.320 тестови, а беа регистрирани 563 ново заболени. Дневниот број на дијагностицирани е 6.408.

Бројот на пациентите чија хоспитализација заврши и кои беа отпуштени од болница изнесува 6.895 лица, додека вкупниот број на оздравените пациенти се зголеми на 5.186.728.



Слични вести