Претседателот на Киргистан Садир Џапаров од 9 до 11 јуни во посета на Турција

Претседателот на Киргистан Садир Џапаров од 9 до 11 јуни (од денеска, среда до задутре, во петок) престојува во официјална посета на Турција

1654281
Претседателот на Киргистан Садир Џапаров од 9 до 11 јуни во посета на Турција

Претседателот на Киргистан Садир Џапаров, на покана на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган од 9 до 11 јуни (од денеска, среда до задутре, во петок) престојува во официјална посета на Турција.

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации на претседателството, во рамките на посетата во Анкара под претседателство на двајцата претседатели Ердоган и Џапаров ќе се одржи 5. состанок на Советот за стратешка соработка на високо ниво помеѓу Турција и Киргистан.

На состанокот на Советот на кој ќе присуствуваат и голем број министри на двете земји ќе бидат разгледани со сите нивни поединости билатералните односи и ќе биде направедна проценка на чекорите коишто би можеле да се фрлат за продлабочување на односите на стратешкото партнерство.

Во рамките на средбите и разговорите, освен билатералните односи исто така се предвидува да бидат разменети мислења и во однос на регионални и меѓународни прашања.



Слични вести